СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Од државната платежната картичка нема да може да се подигнува готовина

На денешната прес- конференција министерката за финансии Нина Ангеловска изјави дека  на Уредбите за  мерките од тертиот пакет за подршка на граѓаните оперативно се работатат и ќе бидат донесени следната недела и аплицирањето ќе биде лесно и едноставно.

Од платежните картички, нема да може да се подигне готовина, туку само ќе може да платат услуга или производ во продажен или услужен објект во  земјата, објасни Ангеловска.

Со мерката се предвидува платежна картичка од 9 000 денари да добијат невработените лица и активни баратели на работа кои немаат примања поголеми од 15 000 денари, а туристички ваучери од 6 000 денари ќе бидат наменети за вработени лица со нето-плата до 15 000 денари. Посебни ваучери се наменети за средношколци, студенти и млади до 29 години за кофинансирање на студии, сместување и организација на обуки.

Поврзани вести

Од утре ќе може да се пререгистрираат возилата со странски регистарски таблички

Влатко Зорба

Ангеловска-Бежоска: Заштедите на граѓаните во банките и штедилниците се сигурни и безбедни

Од извоз на бонбони земјава лани инкасираше 5,4 милиони долари

Stefanija Kuzmanovska