СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Намален бројот на издадени одобренија за градење во април

Во април годинава се издадени 173 одобренија за градење, што е за 27,9 проценти помалку во однос на април лани. Најголем број, 36, има за Скопскиот регион, по што следи Полошкиот со 25, додека во останатите региони бројката се движи од 15 до 18, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Според издадените одобренија за градење во април, предвидената вредност на објектите изнесува 3 657 228 000 денари, што е за 31,1 процент помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 92 (53,2 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 18 (10,4 проценти) за нискоградба и 63 (36,4 проценти) за објекти за реконструкција.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 835 станови, со вкупна корисна површина од 62 697 метри квадратни. Најголемиот дел се во Скопскиот регион, каде според одобренијата за градење се планирани нови 403 стана, од кои 317 во Општина Аеродром, а 74 во Општина Центар. Во останатиот дел од државата се планираат и 102 станови во Дебар, 69 во Гевгелија, 58 во Гостивар

Од 173.те објекти за кои е издадена дозвола за градење, на 93 (53,8 проценти) инвеститори се физички лица, а на 80 (46,2 проценти) инвеститори се деловни субјекти.

Поврзани вести

Компании исплаќале 2 денари по однос на плата: „Гласен текстилец“ со реакција до УЈП

Влатко Зорба

„Рамстор Македонија” денеска ќе биде преземена од „Сити плаза холдинг”

Влатко Зорба

Одобрени две емисии на хартии од вредност во март

Stefanija Kuzmanovska