СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Луфтханза“ крати 22.000 работни места

Германската авиокомпанија „Луфтханза“ има намера да скрати 22.000 работни места низ целиот свет заради кризата поради пандемијата од коронавирусот, што е 16% од работната сила, соопшти компанијата за АФП.

„Ќе имаме 22.000 помалку работни места со полно работно време во рамките на групата„ Луфтханза, а половина од нив се во Германија“, велат од компанијата, додавајќи дека сакаат да избегнат отпуштања „колку што е можно повеќе“.

Групацијата „Луфтханза“, која вклучува европски компании како „SWISS“, „Austrian“, „Brussels Airlines“ и „Eurowings“, има 135.000 вработени низ целиот свет.

На почетокот на јуни, Претседателот на Управниот одбор на „Луфтханза“, Карстен Спор, процени дека има суфицит од 10.000 вработени.

Сепак, „побарувачката во воздушниот сообраќај очигледно ќе биде обновена многу бавно“, велат од компанијата, која исто така планира да ја намали својата флота за 100 авиони од вкупно 763 авиони.

„Без значително намалување на трошоците за вработените за време на кризата, ние ќе ја загрозиме можноста за подобро рестартирање и ризикуваме слабеење на „Луфтханза“, коментира Михаел Нигеман, шеф на човечки ресурси на извршниот одбор на групата.

Луфтханза изгуби 2,1 милијарди евра во првиот квартал од 2020 година, како резултат на пандемијата на коронавирусот, а за да се надмине кризата, таа доби девет милијарди евра државна помош и заеми загарантирани од германската држава.

Поврзани вести

Германија губи 5% од БДП во 2020 година (инфографик)

Влатко Зорба

Биткоин надмина вредност од 28.000 долари

msp-admin

Сугарески: Граѓаните да не купуваат или резервираат авиобилети

msp-admin