СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Акциите на „Тесла“ за прв пат скокнаа над 1.000 долари

Среда вечер, 10 јуни 2020 година, беше преседан за компанијата од САД, која произведува е-автомобили, а чиј основач е Елон Маск. На овој бизнисмен, познат по своите „испади“ во јавноста, со кои ја намалуваше вредноста на акциите на сопствената империја, сепак, деновиве „му оди добро“.

Прво, влезе во историјата со својата компанија „СпејсЕкс“, а сега акциите на „Тесла“ се зголемија за околу 6 проценти и за прв пат ја надминаа вредноста од 1.000 американски долари. Овој раст е последица на одлуката на аналитичарот Даниел Ивс да ја зголеми својата цена на акциите на „Тесла“, од 800 на 1.000 американски долари, но задржа неутрален рејтинг.

Зошто се реши на тој чекор? Затоа што, како што се наведува, во јавноста протече мејл на Маск, испратен до вработените, во кој се вели дека компанијата сака да започне со големо производство на е-камионите „Семи“.

Понатаму, неговиот оптимизам е оправдан со зголемената побарувачка во Кина, повторно отворање на европската и американската економија и потенцијалната батерија на „Тесла“ која би можела да ја „смени целосно играта“ на пазарот.

На почетокот на јуни, „Моделот 3“ се продаде во Кина во рекорден број, посочувајќи дека тамошниот пазар продолжува да „плаче“ за е-возила.

„Тесла“ планира да ги испорача првите „Семи“ камиони во 2021 година, според зборовите на Елон Маск.

Поврзани вести

Големиот победник од епидемијата со коронавирусот – игрите за мобилни телефони

msp-admin

Компанија на необичен начин ги тестирала вработените: Им ветиле бонус, но…

msp-admin

Бинзините и дизелот поскапуваат за еден денар

msp-admin