Стандард
КОМПАНИИ

Слободно движење на работниците во „мини Шенген“ до крајот на годината

Според Стопанската комора на Србија (СКС), договорот меѓу државните органи на Србија, Северна Македонија и Албанија, заснован на тоа кога ќе биде возможен непречен законски проток на работна сила во овие три земји, треба да биде договорен до крајот на годината вели советникот на претседателот на СКС Ненад Ѓурчевиќ за Радио Нови Сад.

Кога станува збор за спроведување на делот од договорот меѓу лидерите на трите балкански земји, таканаречениот мини Шенген, кој се однесува на слободниот проток на работна сила, досега е реализирана можноста граѓаните на трите земји да патуваат преку границите со лична карта, вели Ѓурчевиќ.

„СКС го поздравува овој договор како важен поттик за бизнисмените кои работат во овие земји. Што се однесува до договорот за слободно движење на работна сила, според нашите информации, во тек е усогласување меѓу министерствата за внатрешни работи и други надлежни тела, а одлуката за тоа треба да биде донесени во втората половина на оваа година, а најдоцна до крајот на годината“, рече Ѓурчевиќ.

Тој верува дека договорот ќе биде пресвртна точка за Србија, Северна Македонија и Албанија, но дека и другите земји од регионот ќе се приклучат кон него.

„Се надевам дека и другите соседи ќе се приклучат, бидејќи има недостаток на работна сила во областа на земјоделството, градежништвото и текстилната индустрија. Ни пријдоа некои италијански компании кои имаат многу проблеми со наоѓање квалитетна работна сила“, рече Ѓурчевиќ.

Додава дека по пандемијата, многу меѓународни компании кои имаат свои ланци на Далечниот исток ја разгледуваат можноста за приближување на своето производство до нивните матични компании во Западна Европа.

„Ние како Западен Балкан можеме да бидеме интересна дестинација за ваков вид на работа. Сепак, студијата што ја направивме со Германската стопанска комора покажа дека многу важен предуслов за компаниите да дојдат да работа тука е квалификувана работна сила. Повеќе од цена на трудот и даночна политика“, изјави Ѓурчевиќ.

Тој потсети дека СКС го разбрала тоа и преку организација на двојно образование, поврзување на економијата со факултетите и училиштата, се обидува да го реши тој проблем.

Според него, Стопанската комора нема прецизни податоци за тоа колку недостасува работна сила, но, како што вели, има потреба од работници на сезонски работни места, но и во меѓународни компании кои работат тука.

„Познато е дека овие работници доаѓаат од соседните земји, па дури и од одредени земји на ЕУ, така што овој недостаток е некако компензиран, но има потреба да се регулира, овие луѓе да се здравствено осигурани, дека им тече стаж“, истакна Ѓурчевиќ.

Поврзани вести

Силен раст на американскиот БДП од 6,4% во првиот квартал

Влатко Зорба

BMW ќе прави половина милион електрични мотори годишно

msp-admin

Една кутија цигари отсега исклучиво со 20 цигари за да се дестимулира пушењето кај младата популација

msp-admin