СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Lidl ќе продава автомобили по намалени цени

Ланецот супермаркети Lidl неодамна naјави продажба на автомобили во Германија, пишува списанието „ХАК ревија“. Како и обично, цените се намалени. Lidl го продаде Fiat 500 во рекордно време во 2016 година. Сега се обидува да експериментира со три модели, но само во Германија.

Овие автомобили се нудат во форма на лизинг кој трае 48-месеци. За оваа комерцијална операција, Lidl соработуваше и со компанијата за изнајмување автомобили Sixt. Вкупно се нудат три модели. Првиот е Renault Twingo (Life) кој се продава за само 99 евра месечно. Вториот е Renault Clio 5 (Life) кој се нуди по цена од 109 евра месечно додека третиот е кросоверот Kia Stonic кој се продава по цена од 135 евра месечно.

Иако првите два автомобили на Рено се помалку опремени, Kia Stonic не е и нуди опрема Vision која има 17-инчни алуминиумски тркала, Apple CarPlay и Android Auto итн. Покрај тоа, Lidl нуди услуги како што се испорака на возило, договор за одржување од 20,80 € месечно, па дури и осигурување.

Поврзани вести

255 милиони работни места исчезнаа поради пандемијата (инфографик)

Влатко Зорба

Биткоинот порасна на 20.000 американски долари

msp-admin

Степенот на општествена одговорност кај македонските компании

Влатко Зорба