СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

ЕУ планира да ја ограничи зависноста од доларот во ерата по Трамп

Брисел се подготвува да предупреди дека глобалните пазари се премногу зависни од доларот, откако бара начини да се ограничи ранливоста на Европа кон американските санкции и други финансиски ризици само неколку дена пред Џо Бајден да ја преземе функцијата претседател, според „Фајненшл тајмс“.

Нацрт-документот на Европската комисија, виден од „ФТ“, ја открива длабочината на разочарување од страна на Европската унија по четири години владеење на Доналд Трамп, чија политика ја потенцираше доминацијата на САД и нејзината валута во глобалниот финансиски систем.

Особено, документот ги потенцира тешкотиите на ЕУ во тврдењето на нејзината независност во однос на санкциите против Иран воведени од Трамп, наведувајќи ги како доказ за потребата да се заштити блокот од последиците од незаконското спроведување на ваквите мерки.

„Годините на Трамп ги истакна нашите ранливости и ние треба да ги решиме, дури и ако него го нема“, изјави службеник на Комисијата. Според него, станува збор за местото на ЕУ во светот – „да имаме средства за да бидеме економска и финансиска сила сразмерна со нашата големина“.

Иранската стратегија на Трамп има директно влијание врз европската финансиска инфраструктура, како што е системот за пораки „Свифт“.

Санкциите на Вашингтон против Иран значеа дека Брисел мора да создаде специјална алатка за олеснување на плаќањата за легитимна трговија меѓу ЕУ и Исламската Република, процес полн со тешкотии.

„ЕУ мора да развие мерки за заштита на операторите на ЕУ во случај трета земја да ги принуди инфраструктурите на финансискиот пазар со седиште во ЕУ да се усогласат со еднострано усвоените санкции“, се вели во документот.

Документот ја нагласува амбицијата на ЕУ да ја зајакне нејзината независност во голем број сектори, вклучувајќи ги и финансиите. Но, тој мора да биде усвоен од комисијата на ЕУ во пресрет на инаугурацијата на Џо Бајден и во време кога ЕУ ветува нова ера на соработка со Вашингтон по Трамп.

Другите планови наведени во документот се насочени кон зајакнување на стратешката автономија на блокот и построги контроли врз преземањата од странство, користејќи го новиот систем на ЕУ за проверка на директни странски инвестиции.

Според проектот, ЕУ исто така мора да најде начини за зајакнување на улогата на еврото во контекст на научените лекции од пандемијата. Документот предупредува дека „глобалните финансиски пазари се премногу зависни од американскиот долар за да се намалат финансиските тензии и ризиците по стабилноста“.

Официјални претставници на ЕУ предупредија дека нацртот може да се ревидира пред текстот да биде усвоен од Европската комисија во вторник. Унијата долго време се обидуваше да промовира поширока употреба на еврото, на пример во стоковните договори, за да ја зајакне својата финансиска и економска автономија.

Брисел смета дека посилната глобална улога на еврото „ќе ја заштити економијата од валутни шокови и ќе ја намали зависноста од други валути“.

Комисијата исто така е загрижена дека блокот станува сè позависен од инвестициските банки што не се членки на ЕУ, кои „за време на финансиската криза можат да изберат да го намалат своето присуство во ЕУ и да се фокусираат на нивниот внатрешен пазар“. Документот ги потврдува амбициите на ЕУ да биде понезависна од инфраструктурата на финансискиот пазар во Велика Британија по „Брегзит“ – особено клириншките куќи со седиште во Велика Британија.

Поврзани вести

Со музика и многу гости Кнауф го прослави јубилејот – 25 години во Македонија

msp-admin

Развојната банка ќе склучи договори со 476 компании за кредити од Ковид 1

msp-admin

Кои се најголеми потрошувачи на вода во земјава?

msp-admin