Стандард
БИЗЛАЈФ

Менхетен доживеа бум на крајот на 2020 година, двојно зголемено изнајмувањето на станови

Пазарот на недвижнини во САД беше вистинско турбулентно море за време на глобалната пандемија на коронавирусот, со многу опаѓања на изнајмувањето станови / куќи, тешка продажба, пониски цени и слично.

Сепак, беа забележани знаци на опоравување. Менхетен забележа двоен скок во изнајмувањето станови во декември, а причината за тој успех, според CNBC, е континуираниот пад на цените на станбените единици.

И покрај падот на цените и скокот на закупнините, бисерот на Њујорк сè уште речиси го руши рекордот кога станува збор за празни станови. Луѓето започнаа да го напуштаат овој дел од градот во пролетта 2020 година, бидејќи кризата ги наруши нивните финансии, и покрај тоа, тие сакаа природа и изолација.

Бројот на потпишани нови договори достигна 5.459 во декември, скок од 94% во споредба со 2020 година воопшто. Џонатан Милер, од компанијата Miller Samuel, вели дека ова се „бебешки чекори кои водат во вистинската насока“.

Просечната нето вредност на станбената единица во Менхетен падна за 17 проценти во декември, на 2.800 американски долари месечно. Брокерите велат дека три групи луѓе сега посегнуваат по сегашните станови.

Првите се оние кои живеат во Њујорк, и користат пониски цени како можност да влезат во подобар стан, втората група ја сочинуваат „повратници“ – Њујорчани кои го напуштија градот во март и април минатата година, а има и семејства и парови кои ги продадоа своите куќи надвор од градот за големи пари – затоа што побарувачката беше зголемена – и сега тие би сакале да го „пробаат“ животот во градот.

Сепак, факт е дека во декември имало уште 13.718 слободни станови на Менхетен, т.е. оние кои се рекламираат за издавање. Но, интересно е и тоа што побарувачката за трособни станови се зголемила за дури 171% минатиот месец, а нивната вредност е 8.000 долари за околу 30 дена.

Поврзани вести

Пандемијата го намали бројот на фалсификувани евра во Австрија

Влатко Зорба

Авторот на ЛЕГЕНДАРНАТА ФОТОГРАФИЈА на Сандерс: „Би сакал да не ја направев“

Влатко Зорба

Бизнис туризам: Кога да очекуваме закрепнување и кој е клучниот фактор?

Влатко Зорба
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!