СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Вредноста на компанијата скокна за 50 отсто, Џек Ма продаде акции и го намали уделот

Џек Ма, основачот на „Алибаба“, продаде дел од акциите во таа кинеска компанија за е-трговија за неколку милијарди долари, бидејќи нивната вредност скокна за скоро 50 отсто, пишуваат странските медиуми.

Ма, кој е еден од најбогатите Кинези, со тоа го намали сопствениот удел во „Алибаба“ од 6,2 на 4,8 проценти, според годишниот извештај на компанијата за 2019 година, но не е прецизирано кога го сторил тоа ниту за колку пари.

Сепак, се проценува дека според сегашната пазарна цена, тој удел на акции е околу 8,2 милијарди долари.

Ма поднесе оставка минатата година од позицијата претседател на Извршниот одбор на компанијата на возраст од 55 години, велејќи дека ќе го посвети своето време на филантропија.

„Алибаба“ во мај објави дека нејзините дигитални платформи сега претставуваат една шестина од вкупната продажба на мало во Кина и дека очекува уште поголем раст затоа што пандемијата на Ковид-19 им донесе уште повеќе клиенти преку Интернет.

Во моментов „Алибаба“ вреди околу 705 милијарди долари, што ја прави повеќе вредна компанија од „Фејсбук“.

Поврзани вести

Германија губи 5% од БДП во 2020 година (инфографик)

Влатко Зорба

Вакво нешто немам видено 89 години: Бафет објаснува што се случува со светските берзи (ВИДЕО)

msp-admin

Белградско пристаниште на нова локација од следната година

Влатко Зорба