СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Синдикатот на Еуроникел Индустри: Заштитата на работниците и работничките права се приоритет

Први мај, а со тоа работничките права се во фокусот на денешните настани. По тој повод, свој осврт даде и Синдикалната организација при Еуроникел Индустри, една од малкуте компании кои можат да се пофалат дека успешно функционира синдикалното здружување. Заштитата на вработените при работа, дури и во вонредни услови, како и соодветно исполнување на работничките права, останува главниот приоритет на Еуроникел Индустри. Компанијата чие значење за македонската економија е неспорно, за повеќе од 1000 вработени обезбедува стабилна и сигурна егзистенција во безбедна работна средина.

За условите за работа и почитувањата на работничките права, претседателот на синдикалната организација на Еуроникел Индустри, Миле Ѓорѓиев вели дека се задоволни од досегашниот дијалог со компанијата. “Сите основни права што еден работодавач треба да ги исполни, нас ни се овозможени, и дополнително за секое наше барање како синдикална организација имаме отворени врати за дискусија и наоѓаме на разбирање. Наша цел како организација е постојано унапредување на правата на вработените, нивна поголема заштита при работа и вреднување. Не можеме да кажеме дека сите наши барања се во целост исполнети, меѓутоа фер е да се признае дека наоѓаме заеднички задоволително решение. Задоволни сме што имаме сигурни работни места, што за нас е исклучително важно, како и адекватно вреднување на трудот, редовно исплаќање на платата, периодични зголемувања, стимулации и бенефиции на плата”, вели Ѓорѓиев.

Во вонредни услови, кога сите индустрии се соочуваат со потешкотии предизвикани од затворањето на границите, ограничување на транспортот, намалената побарувачка, потрошувачка и обем на работа и воопшто промените на светските пазари, реткост е компанија да ја одржи сигурноста и стабилноста на работните места, како и основното работничко право. “Заради вонредната ситуација со која се соочува компанијата, ние, како вработени во Еуроникел сме во постојана комуникација со менаџментот. Запознаени сме со потешкотиите со кои се соочува компанијата, свесни сме дека светските случувања директно влијаат и на нашата компанија, а со тоа и на нас како вработени, но задоволни сме што од досега покажаното од компанијата, опстојувањето на компанијата, а со тоа и заштитата на работните места се во преден план и се дел од егзистенцијалните процеси на Еуроникел Индустри. А од наша страна, пак, како вработени, со својот труд, ангажман, посветеност кон работата и деловните цели на компанијата, исто така, максимално се залагаме за надминување на состојбите и долгорочно обезбедување на нашите работни места, нашите права, а пред сé правото на квалитетен живот”, велат од синдикатот.

Претседателот Ѓорѓиев уште дополни и дека уште од самиот почеток на здравствената криза, Еуроникел покажал исклучителна подготвеност за превенција и заштита на здравјето на своите вработени, преземајќи исклучително ригорозни мерки, кои засега даваат резултати.

Поврзани вести

Клучните карактеристики на успешните, според шефот на најголемата банка во САД

msp-admin

Huawei го објави техничкиот документ за NetX2025 целната мрежа

Влатко Зорба

КОРОНАТА НЕ ИМ МОЖЕ НИШТО: 7 бизниси на кои пандемијата им донесе невиден профит

Влатко Зорба