СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Заев и Бесими на средба со „Интелиџент сенсинг солушн“ за можна инвестиција во С.Македонија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими работната посета на Луксембург денеска ја завршија со работен состанок со менаџерскиот тим на компанијата „Интелиџент сенсинг солушн” (Intelligent Sensing Solutions – IEE S.A).

На средбата со раководството на компанијата, која има висок рејтинг во сферата на иновативните технолошки решенија во автомобилската индустрија, како и во сферата на напредната медицинска технологија, беа презентирани можностите за инвестирање во Северна Македонија. Премиерот Заев и министерот за финансии Бесими ги претставија погодностите кои Северна Македонија им ги нуди на инвеститорите.

Средбата со менаџерите „Интелиџент сенсинг солушн“ се одржа во Стопанската комора на Луксембург на која присуствуваше и претседателот на комората Карло Телен, кој покажа дополнителен интерес за поблиска соработка на компаниите од двете земји преку потесна соработка на коморите.

Поврзани вести

Од извоз на млеко лани заработивме над шест милиони долари

Stefanija Kuzmanovska

Занаетчиската комора изрази загриженост поради доцнењето на петтиот пакет мерки

Влатко Зорба

Компании со највисоки долгови – по основ на ДДВ и Данок на добивка!

Берта Китинска