СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Грција крои план да привлече супер богати луѓе

Откако со даночни олеснувања, Грција планира да привлекува странски пензионери, оваа земја сега прави план како да привлече супер богати луѓе. Како што пишува Ekathimerini, владата подготвува сет од мерки за привлекување на богати луѓе во земјата преку таканаречени семејни канцеларии.

Зад „скромните“ семејни канцеларии стојат приватни бизниси коишто се во семејна сопственост, а „тежат“ стотици милиони или милијарди долари.

Грчката влада ги таргетира токму ваквите семејни бизниси, коишто нудејќи им различни погодности, би го преселиле своето работење во земјата.

Како причина за ваквиот потег не се наведуваат само даночните приходи, туку и активности што би ја зајакнале грчката економија.

Поврзани вести

С. Македонија влегува во проектите Терминал на течен природен гас Александропулос и Гасна централа Александропулос

Влатко Зорба

Вработените од Тиго Фајнанс со донација за здружението за дигитална инклузија „Отворете ги прозорците“

Влатко Зорба

Македонска берза се приклучи кон иницијативата „Ring the Bell for Gender Equality 2021”

Влатко Зорба