СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Најпродавани возила во Европа: Golf повторно на врвот

Откако во еден момент Renault Clio успеа да го симне Golf од тронот и беше најбараниот модел во Европа, адутот на Volkswagen крајот на првата половина од 2020 година сепак ја дочека на врвот.

Volkswagen Golf повторно е на првото место според продажбата во Европа, преземајќи го тронот од Renault Clio. Со 134.045 продадени примероци, германскиот бестселер ја држи првата позиција, покажуваат продажните резултати од 44 европски пазари, од Португалија до Русија, кои ги сподели специјализираниот портал focus2move.com.

Но, и покрај првата позиција на Golf, Volkswagen, исто како и сите други производители на автомобили, немаат многу причини за славје, бидејќи во периодот од јануари до јуни продадени се 45,9% помалку автомобили отколку во истиот период во 2019 година, а причина за тоа секако е кризата предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Сепак, во секој случај Golf се враќа на врвот со само неколку примероци повеќе во однос на Renault Clio, кој ја држи втората позиција со 133.950 продадени автомобили, или 27% помалку во однос на истиот период минатата година.

Volkswagen Polo го затвора подиумот со 103.630 продадени единици (-43,4% во однос на лани). Со повеќе од 14 милиони примероци продадени, Polo е еден од најуспешните компактни автомобили на светот. Четвртото место повторно му припадна на Volkswagen, овојпат на моделот Tiguan, кој забележал продажба на 99.559 (-35,8%) примероци, пред Škoda Octavia со 93.588 продадени единици (-35,4%) и Ford Focus со 88.936 примероци (-35,1%). Peugeot 208 се искачи на седмото место, две места погоре во однос на минатата година, со продадени 84.171 примероци (-35,4%), а по него следува Opel Corsa со 83.009 (-34,2%) и Nissan Qashqai со 80.091 (-39,4%). На последното место во Топ 10 е Ford Fiesta со 72.413 регистрации (-43,5 проценти). Ѕвезда на годината е Volkswagen T-Cross кој иако го држи 29-тото место на табелата, сепак забележал раст од 120,1% во однос на лани.

Поврзани вести

Амазон ангажираше 100.000 сезонски работници пред празниците

msp-admin

По 5 децении во ГТЦ, Стопанска банка АД Скопје ја сели дирекцијата во луксузниот објект на Азманов?

msp-admin

Безос продаде акции на „Амазон“ во вредност од 2,5 милијарди долари