СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈАКОМПАНИИ

Фондот одлучи: Објавени имињата на четирите банки преку кои ќе се обесштетат депонентите на Еуростандард банка

Преку Стопанска, Комерцијална, НЛБ и Халк банка ќе се обесштетуваат депонентите – физички лица (резиденти и нерезиденти) во Еуростандард банка, соопшти денеска Фондот за осигурување депозити.

Според Фондот, целта на ваквата одлука, преку четири банки да се врши исплатата, е да се избегнат масовни собири.

– Веднаш по добивањето на Конечниот список за депозитите на физичките лица кои се предмет на обесштетување, од стечајниот управник на „Еуростандард банка“ АД Скопје во стечај, Фондот за осигурување на депозити ќе ги распредели депонентите по банките – исплатувачи и ќе ги извести во која банка – исплатувач ќе бидат распределени за подигнување на исплатата на обесштетувањето на нивните осигурени депозити. Фондот навремено ќе ги извести депонентите и јавноста за датумот на почетокот на исплатата на обесштетувањето на осигурените депозити кај банките – исплатувачи. Се прават максимални напори исплатата да почне што поскоро, наведува Фонд за осигурување депозити.

Поврзани вести

Тежок удар за рекламниот сектор поради коронавирусот

msp-admin

Деспотовски: Компаниите во ТИР зоните имаат раст на вработеноста и во време на криза

Влатко Зорба

Овој македонски универзитет соработува со 200 други универзитети во 40 земји и нуди стипендии за сите средношколци

msp-admin