Стандард
КОМПАНИИ

„Мајкрософт“ добива конкуренција: „Оракл“ во игра за купување на „ТикТок“

Корпорацијата „Оракл“ од Калифорнија има можност да ја купи апликацијата „ТикТок“ на ниво на САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд, и веќе започна во прелиминарни разговори со кинеската компанија „БајтДенс“, која е сопственик на оваа популарна апликација, пренесува Ројтерс.

Иако се пишуваше многу за „Мајкрософт“ како потенцијален купувач, се чини дека империјата на Бил Гејтс сепак се здоби со сериозен конкурент.

Според Ројтерс, „Оракл“ исто така разговарал за ова прашање со некои американски инвеститори кои веќе имаат сопствени акции во „БајтДенс“, а меѓу нив се и „Џенерал Атлетик“ и „Секвоја Капитал“. Сепак, „Оракл“ одби да ги коментира тврдењата на агенцијата.

Ројтерс на почетокот на август напиша дека „Твитер“ исто така контактирал со „БајтДенс“ за да изрази интерес за преземање на операциите на американскиот „ТикТок“, иако „Мајкрософт“ сепак „победува“ во трката.

Потсетуваме, Трамп неодамна потпиша указ според кој на американските компании ќе им биде забрането финансиско работење со „БајтДенс“, доколку не склучат договор во рок од 45 дена за продажба на работењето на „ТикТок“ во САД – на една од заинтересираните американски компании.

Поврзани вести

Македонско вино од Камник меѓу десетте најдобри во светот

msp-admin

Амазон ангажираше 100.000 сезонски работници пред празниците

msp-admin

Халкбанк ја одложува наплатата на кредитните обврски за 6 месеци за сите физички лица кои имаат редовна отплата на своите обврски

msp-admin
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!