СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Авиокомпаниите ќе можат да користат ковид-пасоши

Ковид-пасошите ќе се користат сè додека Светската здравствена организација (СЗО) не објави крај на пандемијата Ковид-19, а авиокомпаниите ќе можат да ги користат за патниците да се качат на авионите, изјави денеска европскиот комесар за правда Дидие Рејндерс.

„Ние сакаме да осигураме дека граѓаните и земјите-членки имаат алатка што им дава одредена доверба, на која надлежните органи можат да се потпрат за да го олеснат слободното движење на лицата“, рече Рејндерс во Комитетот за граѓански слободи на Европскиот парламент, претставувајќи го предлогот на Комисијата за воведување на ковид-пасош.

Рејндерс им презентираше на членовите на Комитетот предлог објавен од Комисијата во средината на минатиот месец. Дигиталните зелени сертификати треба да го олеснат безбедното слободно движење на луѓето во ЕУ за време на пандемијата.

Т.н. ковид-пасош ќе биде доказ дека некое лице е вакцинирано против вирусот, добило негативен резултат од тест или ја надминало болеста.

Рејндерс рече дека тие сертификати може да се користат и за влез во авионот. Многу компании сега бараат негативен тест за влез во авион.

Комесарот рече дека целта е тие сертификати да започнат да се користат пред крајот на јуни. Европскиот парламент треба да гласа за регулативата на својата пленарна седница од 7 до 10 јуни.

Поврзани вести

Кина повторно е најголемиот светски пазар за малопродажба на Интернет

Влатко Зорба

Facebook ќе им плати на илјадници корисници привремено да ги деактивираат профилите

msp-admin

Инфекцијата со корона да се признае како повреда при работа: Дали работодавците ќе се согласат на ова?

Влатко Зорба