СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Директорот на „Кракен“ предупредува: Владата на САД ги ограничува криптовалутите

Владите ширум светот би можеле да започнат со ограничување на употребата на биткоин и други криптовалути, предупредува Џеси Пауел, извршен директор на крипто-берзата „Кракен“.

„Мислам дека може да има одредено сузбивање (тргување со криптовалути)“, рече Пауел, додавајќи дека регулаторната несигурност околу криптовалутите нема да исчезне наскоро.

Предвидувањата на Пауел доаѓаат по воведувањето на нови правила против перење пари предложени од американската влада, со кои ќе се бара од луѓето кои чуваат криптовалути во приватен „дигитален паричник“ да поминат проверка на идентитетот доколку извршат трансакции од 3.000 долари или повеќе.

„Нешто такво навистина може да им наштети на криптовалутите и на некој начин да ја убие „првичната намера“ на нивната употреба, а тоа беше само да ги направиме финансиските услуги достапни за секого“, рече Пауел.

Тој изрази надеж дека „американските и меѓународните регулатори нема да имаат премногу тесен став“, истакнувајќи дека „некои други земји, особено Кина, ги сфаќаат криптовалутите многу сериозно и гледаат многу долгорочно“.

Извршниот директор рече дека смета дека Соединетите држави се „по кратковиди“ од другите земји и дека тие се „подложени на притисок“ од постојните наследени компании, со други зборови банки, кои „може да бидат во загуба затоа што криптовалутите стануваат важни“.

„Исто така, мислам дека е доцна. Можеби духот е ослободен од шишето и самиот обид за забрана во овој момент ќе ги направи попривлечни. Тоа секако би испратило порака дека владата смета дека криптовалутата е супериорна алтернатива на сопствената валута“, рече Пауел.

Вредноста на криптовалутите се зголеми неодамна, а биткоин во вторникот достигнаа нова рекордно висока цена од 63.000 долари.

Поврзани вести

Јужна Кореја: Сите берзи за криптовалути може да бидат затворени

Влатко Зорба

Додека сите гледаат во Bitcoin, друга валута расте во сенка: Сега е над 1.200 долари!

Влатко Зорба

Greenidge ќе биде првата јавна компанија за „копање“ на биткоин со сопствена електрана

Влатко Зорба