Пивскиот бренд Corona се здружи со агенцијата MullenLowe LA и легендарниот рапер Снуп Дог за да ја лансира својата најнова кампања насловена “La Vida Más Fina” или “Најдобриот живот“.
Целосно интегрираната маркетинг кампања е нов, свеж поглед на Corona животниот стил и пооптимистички тон на брендот.
“Не можете да изберете сé во животот, но секогаш можете да изберете да го пронајдете доброто во животот. Со сé што се случува во светот, тоа е перспектива која луѓето можеби навистина имаат потреба да ја слушнат токму сега. Здружувањето со бренд како Corona за да се охрабрат луѓето да најдат повеќе од доброто во животот, тоа е La Vida Más Fina,“ истакна Снуп Дог по повод лансирањето на кампањата.
И покрај падот на продажбата на пивото Corona, што резултираше со намалена вредност на брендот за 123 милиони евра, според Brand Finance, Corona и понатаму е највредниот бренд за пиво во светот.
Како што пишува на секое шише Corona, направено е да биде најдоброто пиво во светот. Новата кампања ја носи таа филозофија чекор подалеку. Под називот La Vida Más Fina или „најубав живот“, ги охрабрува луѓето да ја истражуваат вистината и да најдат исполнетост и среќа во најобичните работи така што ќе го сменат начинот на гледање на работите.
Кампањата беше лансирана на социјалните онлајн профили на компанијата, заедно со специјализирана колекција на анимирани слики преку платформата GIPHY. Таа ќе вклучува и телевизиски реклами од 15 и 30 секунди, како и повеќе дигитални и ПР активности. Од компанијата најавија дека наскоро во кампањата ќе бидат вклучени и други познати личности.
“La Vida Más Fina го слави наследството на брендот – ценете го тоа што го имате, следете го животот и изберете секогаш да гледате на посветлата страна. Тие верувања се вкоренети во Corona и се универзални вредности кои добиваат се повеќе на значење“ велат од брендот Corona.
Продажбата на пивото продолжува да расте последните месеци, а производите на семејството Corona може да се најдат во ресторани, барови, локални трговци и онлајн.