СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Макпетрол со три пати помала добивка во првото полугодие од годината

Макпетрол АД Скопје оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 92,95 милиони денари, која е помала за 65%, односно, помала за приближно три пати од остварената добивка минатата година кога изнесуваше 265,57 милиони денари.

Друштвото оствари вкупен приход во износ од 7,97 милијарди денари, кој е помал од минатогодишниот за 2,40 милијарди денари, односно остварен е пад од 23,19%. Во структурата на приходите, најголем удел со 98,9% имаат приходите од продажба, од коишто 96,4% од приходите се остваруварени со продажба на домашниот пазар.

Во истиот период, остварени се вкупни расходи во висина од 7,87 милијарди денари што претставува намалување во однос на минатата година за 2,23 милијарди денари или за 22,09%.

Како основна причина за намалување на остварените приходи и добивка, компанијата ја посочува епидемијата, односно пандемијата предизвикана од заразата со вирусот Ковид–19.

Поврзани вести

Xiaomi гради фабрика која ќе произведува по 60 5G смартфони во минута

msp-admin

Генералниот извршен директор на Стопанска банка доби уште еден мандат

msp-admin

Расте глобалниот пазар за користени паметни телефони

msp-admin