СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Хрватска го доби најголемиот удар на економијата во својата историја

Пандемијата на корона вирусот ја втурна Хрватска во веројатно најдлабоката економска криза од насилното и нелегално отцепување од Југославија, а закрепнувањето нема да биде ниту брзо, ниту лесно, барем според експертите од Хрватската народна банка.

Во новиот број на публикацијата Финансиска стабилност, економистите го анализираа влијанието на кризата од корона вирусот врз хрватската економија и, според нивните проценки, Хрватска очекува пад на бруто-домашниот производ (БДП) од 9,7 % оваа година, што ќе биде најголем пад на економската активност од основањето на независната држава.

Во исто време, извозот и туризмот, како и инвестициите на компаниите и потрошувачката на домаќинствата, како и на пазарот на трудот, ќе претрпат силен удар.

Пандемијата од корона вирусот ќе го расипе петгодишниот период на континуирано проширување во кој домашната економија порасна во просечна реална стапка од 2,9 %, што исто така е забележано во 2019 година – предупредува Хрватската централна банка.

Поврзани вести

Заев: Со странски инвестиции во дел од државните претпријатија ќе добиеме капацитети во функција на развојот

Влатко Зорба

Скопје ќе добие „Бас Рапид Транзит“

Влатко Зорба

Заев и Бесими на средба со „Интелиџент сенсинг солушн“ за можна инвестиција во С.Македонија

Влатко Зорба