СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

„Анти-кинеска политичка кампања“: Тик Ток го тужи Трамп поради забраната на апликацијата

Кинеската компанија „ByteDance“, сопственик на видео апликацијата Тик Ток, ќе ја тужи администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за обидот да ја забрани популарната апликација поради загриженоста за националната безбедност.

Кинеската компанија тврди дека не претставува закана за националната безбедност и дека американската влада продолжува со „ анти-кинеска политичка кампања“, пренесува АП.

Компанијата соопштила дека американската влада дејствува без докази и поднела тужба до федералниот суд во Калифорнија против Министерството за трговија, претседателот Трамп и секретарот за трговија Вилбур Рос, велејќи дека се обидува да ја спречи владата да го забрани Тик Ток.

Трамп издал две наредби во август.

„Егзистенцијална закана за бизнисот“

Трамп најпрво наметна голема, но неодреден забрана за секоја „трансакција“ со ByteDance на 6 август, која ќе стапи на сила на 20 септември.

Една недела подоцна, тој ѝ нареди на компанијата да го продаде имотот на Тик Ток лоциран во Соединетите држави во рок од 90 дена.

Судската постапка на Тик Ток не се однесува на налогот за продажба.

Сопственикот на апликацијата Тик Ток изјавил во жалбата дека, иако целокупниот опсег на забраната за наредбата од 6 август останува нејасен сè додека одделот за трговија не го исполни, наредбата сепак претставува „егзистенцијална закана за американскиот бизнис на Тик Ток“.

Поврзани вести

Xiaomi Mi 9 Lite со 108MP камера ќе биде промовиран на 24 октомври

msp-admin

Microsoft Surface Duo ќе има 5G конекција и подобрена камера

Влатко Зорба

OnePlus во март ќе претстави 9R телефон и паметен часовник

Влатко Зорба