СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

SpaceX ќе лансира турски сателит до крајот на година

Space Exploration Technologies, познат како SpaceX, ќе лансира турски сателит, четврти за оваа земја, до крајот на годината, пишува Daily Sabah.

Али Таха Коч, главен на Канцеларијата за дигитална трансформација, изјави дека сателитот е направен од Airbus Defense and Space, којшто важи за пионер во вселенската технологија.

“Со Türksat 5A, Турција ќе опфати подрачје што ги покрива Средниот Исток, Европа, Северна и Јужна Африка“, додаде Коч.

Се очекува Türksat 5A да помине повеќе од 30 години во орбитата, а се очекува да го подобри квалитетот на телевизиските услуги и широкопојасната мрежа на податоци.

Сателитот се произведува во погони во главниот град Анкара.

Поврзани вести

Uber го презема Дризли за 1,1 милијарда долари

Влатко Зорба

РАСТ ОД 177% ВО ОНЛАЈН ТРАНСАКЦИИТЕ кон домашните е-трговци во вториот квартал годинава

msp-admin

И покрај тензиите, САД увезле рекордни количини руска нафта

Влатко Зорба