СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

И покрај тензиите, САД увезле рекордни количини руска нафта

Американско-руските тензии во областа на енергетските проблеми не ги спречија САД да купат рекордни количини руска сурова нафта во 2020 година.

Американските рафинерии товареле 538.000 барели руска нафта и нафтени деривати на ден, соборувајќи рекорд стар десет години, пренесе „Русија денес“.

Според податоците запишани од Администрацијата за енергетски информации на САД (ЕИА), САД купиле најмногу руска нафта минатата година од 2011 година, кога увезувле 624.000 барели дневно од Русија.

Според пресметката на Блумберг, врз основа на податоците на царината и EIA, Русија стана трет најголем снабдувач на нафта во САД во 2020 година, надминувајќи ја Саудиска Арабија, најголемиот извозник во светот.

Уделот на Русија во увозот на нафта во САД во моментов изнесува рекордни седум проценти.

Најголемите извозници на нафта во САД минатата година беа Канада, со дневна испорака од 4,1 милиони барели и Мексико, со околу 750.000 барели на ден.

Просечниот увоз на нафта во САД од Саудиска Арабија минатата година беше 522.000 барели на ден.

Енергетските компании во САД, вклучувајќи ги Exxon Mobil Corp., Chevron и Valero Energy, беа меѓу клучните купувачи на нафта и нафтени производи, произведени во Русија.

Поврзани вести

Кина ги шокира младите гејмери ​​со нов закон

msp-admin

ССМ најавува тужби за работодавачите ако незаконски намалат плати

Просечната нето плата во септември беше 27.405 денари

msp-admin