СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Uber го презема Дризли за 1,1 милијарда долари

Uber денес објави дека ја купува компанијата Drizly за испорака на алкохолни пијалоци, а трансакцијата од 1,1 милијарди долари ќе се реализира во акции и во готовина.

По завршувањето на трансакцијата, Drizly пазарот ќе се интегрира со апликацијата Uber Eats. Компанијата, исто така, ќе ја задржи самостојната апликација Drizly, се вели во соопштението, пренесува CNBC.

Основана во 2012 година, Drizly стана водечка услуга во САД за испорака на алкохолни пијалоци по желба и е достапна во 1.400 градови.

Uber Eats, услуга за доставување храна, е клучен сегмент од бизнисот на Uber во времето на пандемијата Covid-19, што драстично го намали независното купување намирници на луѓето.

Drizly неодамна објави дека бележи раст од над 300 проценти во текот на изминатата година.

Инвеститорите го поздравија потегот на Uber, па нејзините акции во утринскиот дел од тргувањето на Волстрит пораснаа за скоро осум проценти.

Поврзани вести

Регулаторна ќе ги соопшти новите цени на горивата

msp-admin

„Блиц“: Алкалоид донира околу 85 илјади евра за пациентите на дијализа во Србија

msp-admin

„Кросбоу“ ќе ја направи зелената енергија конкурентна на регионалниот пазар

msp-admin