Серија специјализирани интернет обуки за интегритет и заштита од корупција, наменети за сите компании кои сакаат да воспостават програми и практики за превенција и спречување на корупција, етичко управување и усогласеност со регулативата организира Центарот за граѓански комуникации, Конект и Здружението на даночни советници.
Учесници од компании, како што информираат организаторите, ќе имаат пристап до светски ресурси за најдобра пракса и услуги за поддршка, специјално дизајнирани за да им помогнат да ги идентификуваат и отстранат потенцијално корумптивните практики од нивното работење.
Обуките ги спроведуваат реномирани обучувачи од компании од Северна Македонија и ќе се одржуваат во две онлајн сесии – четврток и петок од 10:00 до 13:00.
Сите заинтересирани може да се пријават на www.bezkorupcija.mk.
Обуката се одвива во рамките на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“ финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), Конект и Здружението на даночни советници.