СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Северна Македонија ќе учествува во изградба на терминалот за течен природен гас во Александрополис во Грција

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, во рамките на дводневната работна посета на Република Грција, оствари средба со Кристос Копелузос, извршен директор на групацијата „Копелузос”, која е основачки акционер на компанијата „Гастрејд”.

На средбата, која се оствари на покана на компанијата „Гастрејд” учествуваше и заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, и високи претставници на компанијата „Гастрејд”, беше изразен взаемниот интерес Северна Македонија да се вклучи во изградба на терминалот за течен природен гас во близина на Александрополис во Грција, како нова, независна влезна точка за снабдување со природен гас на земјите од Југоисточна Европа, меѓу кои и нашата земја.

Со покажаниот интерес, за кој од конзорциумот „Гастрејд” изразија поддршка тоа да биде остварено, Република Македонија ќе биде дел од проектот за изградба на пловна станица на 17 километри од Александрополис за привремено складирање и гасификација на течниот природен гас, со капацитет од 170.000 кубни метри и можност за снабдување со природен гас од над 5,5 милијарди кубни метри.

Со овој проект се создава можност за трајно и стабилно снабдување со природен гас за нашата земја, која, истовремено, ќе стане точка од која потоа гасот ќе се дистрибуира и пошироко во регионот, и во земјите кои ќе покажат интерес.

Како што е познато, во текот на минатиот месец дел од овој проект стана и Република Бугарија, преку националниот оператор за природен гас „Булгартрансгас”, а вклучувањето на Македонија во проектот ќе овозможи диверсификација на рутите за пристап до природен гас не само за нашата земја, туку и за Централна Европа, стои во соопштението од Влада на РМ.

Поврзани вести

НБ: Монетарното злато „тежеше“ 341 милион евра во декември

Влатко Зорба

Штерјова Душковска нов генерален секретар на Коморскиот инвестицски форум со седиште во Трст

Влатко Зорба

Преку 3 милијарди евра инвестиции во енергетскиот сектор и зелената енергија