СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Директор одбил 97% од луѓето кои се пријавиле на оглас за работа, а еве зошто

Директор на една ИТ компанија во Велика Британија на LinkedIn објасни зошто од 183 пријави за работа само шест кандидати ги земал предвид.

Тој објавил оглас за работа со кој им нуди на работниците плата од 12.000 фунти и побарал од кандидатите наместо вообичаеното праќање на CV, да одговорат на неколку едноставни прашања.

„Ги молам луѓето кои бараат работа внимателно да ги читаат огласите. Неодамна објавивме оглас за вработување на кој се јавија 183 лица, што не е чудно со оглед на моменталната економска ситуација. Во огласот побаравме од кандидатите да одговорат на некои едноставни прашања, наместо да праќаат CV. Знаете ли колку луѓе го направија тоа? Шестмина“, напиша Ирвинг.

Изнервиран зошто луѓето не ги следеле едноставните упатства, автоматски одбил 177 или 97% од кандидатите и останале само шестмина.

“Во време на голема невработеност и малку прилики за работа, ова не е доволно добро. Веројатно многу кандидати автоматски се јавуваат на сите огласи и јас тоа мое да го разберам, но тоа не функционира. Моравме во старт да одбиеме 177 луѓе бидејќи не се потрудиле да го прочитаат огласот до крајот. Не ме интересира што имате четири дипломи и 20 години работно искуство, ако не можете да следите едноставни упатства тоа не е добар почеток“, истакна Ирвинг.

Поврзани вести

ЕУ плаќа повисоки сметки за струја, Македонија ја очекува одлуката следната недела

msp-admin

Дали е исплатливо предвреме да се отплати кредитот?

msp-admin

Бесими за вработувањата по етнички клуч: Ако може во Гугл извршен директор да биде Индиец…

msp-admin