СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

H&M ги шпионирал вработените?

Шведскиот моден бренд Hennes & Mauritz повеќе познат како H&M треба да плати казна од 35,3 милиони евра поради наводно шпионирање на вработените.

Причина за оваа казна е тоа што H&M набљудувал стотици вработени во услужен центар во Германија.

“Износот на казната е соодветен и ќе помогне компаниите да се откажат од кршење на приватноста на нивните вработени“, вели Јоханес Каспар, одговорен за заштита на податоци во Германија.

Случајот со наводно шпионирање на вработените беше покренат минатата година, откако, според властите, податоците за приватниот живот на вработените се забележуваат и чуваат од 2014 година.

Се наведува дека одговорни лица организирале неформални состаноци со вработените кои се враќале од одмор или боледување и на тој начин ги добивале сите потребни информации од приватниот живот на вработените. Понекогаш, дискусиите оделе и многу подлабоко, па добивале и информации за семејните проблеми и верските уверувања на вработените.

Од H&M најавија дека планираат да затворат дел од продавниците и покрај добрите деловни резултати остварени во услови на пандемијата. Според компанијата, 166 од околу 5.000 подружници на H&M се затворени.

Поврзани вести

За прв пат во ЕУ се регистрирани повеќе електрични отколку дизел возила

msp-admin

Секој трет негувател во Германија сака да ја смени работата

Влатко Зорба

Арсовска: Потребна е навремена помош за справување со ефектите од коронавирусот врз економијата

msp-admin