СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

СОВЕТИ ОД МИЛИЈАРДЕР: Парите не купуваат среќа!

Ворен Бафет работеше напорно во текот на целиот живот и успеа да заработи богатство на кое многумина му завидуваат. Дури и денес, на 90-годишна возраст, тој нема намера да забави. Тој е сигурен дека се што имал во животот има стекнато благодарение на овие правила до кои строго се придржува.

Овој човек ја знае тајната на среќниот и исполнет живот. Неговите деловни совети можеме лесно да ги примениме во секојдневниот живот.

Мислете на долгорочен успех

Кога инвестирате во деловна активност, прво размислете дали тоа ќе биде исплатливо во следните 10 или 20 години. Не очекувајте дека ќе бидете успешни преку ноќ, за успех е потребно време. Истото важи и за луѓето, изберете ги оние кои секогаш ќе бидат тука за вас и ќе бидат ваша потпота и поддршка и за 50 години. Не трошете време на празни пријателства.

Останете фокусирани

Притисокот може да биде силен, но никогаш не смеете да се откажувате од своите планови и соништа. Себе си ќе си направите најголема услуга ако ги издржите сите бури со надеж дека на крајот на краиштата ќе го видите Сонцето. И на крајот, секогаш е така, среќата ги придружува само оние кои се доволно храбри да веруваат во себе.

Пронајдете го вистинскиот партнер

Кога планирате да инвестирате во деловна активност, многу е важно да работите со луѓе на кои им верувате и кои се слични на вас. Единствено така ќе постигнете успех. Ниту едно поинакво правило не важи ни во животот. Секогаш избирајте луѓе кои се слични на вас, така вашиот живот ќе биде полесен, поубав и поинтересен. Никој не смее да го троши своето време на луѓе кои не му одговараат и му ја црпат позитивната енергија.

Инвестирајте во себе

За да напредува компанијата, треба постојано вложување и подобрување на деловната активност. Воведување на иновативни методи и модерна технологија. Исто е и во животот. Никогаш не смеете да престанете да учите нови работи и да стекнувате нови вештини.

Парите не купуваат среќа

Иако Бафет е на списокот на најбогатите луѓе, тој не гледа на богатството како мерка за успех. За него, успехот и среќата се гледаат во бројот на блиски луѓе.

Поврзани вести

Регулаторна објави: Од 01.01 корисниците на гас ќе плаќаат пониски сметки

Ангела Веселиновска

Горивата поскапуваат од полноќ

Берта Китинска

Банките ќе чекаат нов законски рок за да ја пуштат државната помош

Берта Китинска