Од предвидените 550 милиони евра, Владата за трите пакет мерки потрошила помалку од една третина или 194,4 милиони евра, покажуваат анализите на невладината Фајненс тинк.
За првиот сет економски мерки за справување со последиците од корона вирусот, потрошени се 17, 8 милиони евра од кои најмногу за бескаматна кредитна линија, а потоа за продолжување на родителско отсуство поради мајчинство и за ослободување од аконтации за данок на добивка и данок на личен доход.
За вториот пакет мерки се потрошени 136, 8 милиони евра и тоа за субвенции на плата од април до јуни, кредити од ЕИБ, субвенции на 50% од придонесите на плата, субвенции за спортисти и уметници и времено релаксирање на условите за гарантирана минимална помош. За третиот пакет мерки според анализите на Фајненс тинк се потрошени вкупно 39,8 милиони евра од кои 26,8 милиони за потрошувачката картичка за граѓаните со ниски примања, 12 милиони евра за ваучерите за туризам, а најмалку за времено релаксирање на условите за на домест во случај на невработеност.
Државата досега потроши само 1,8 % од БДП што е под просекот на ЕУ од околу 4,1 %, пишува Фајненс тинк.
Вкупната вредност на првиот и вториот пакет мерки за заштита на ликвидноста и на работните места за граѓаните и фирмите погодени од КОВИД 19, опфаќаше сума од 200-250 милиони евра.Третиот сет мерки имаше вредност од 355 милиони евра а четвртиот според најавите на
Владата ќе тежи 470 милиони евра.