СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Бектеши: Не е точно дека со четвртиот пакет мерки сакаме да купиме социјален мир

Со четвртиот пакет мерки ќе им се помогне на најранливте групи на граѓани, на кои таа помош им е најпотребна. Не е точно дека со четвртиот пакет мерки сакаме да купиме социјален мир, кажа министерот за економија Крешник Бектеши на дебатната емисија 24 Анализа на ТВ 24.

Ние кажавме дека ќе биде донесен четврт сет економски мерки. Кога ги носевме првите три пакета мерки обвинувањата беа дека тие мерки се усвојуваат за да се купат гласачи, што не е е вистина. Првиот столб од мерките беше за поттикнување на потрошувачката, што е пракса во многу земји во светот. Не е точно дека со меркте од четвртиот пакет сакаме да купиме социјален мир. На оние граѓани кои се погодени од кризата и се во најранливите категории, кои не бевме во можност да им помогнеме финансиски со првите три пакета мерки, сега со четвртиот пакет мерки ќе им излеземе во пресрет. Со мерките кои што ги донесовме зголемена е јавната потрошувачка, како што се и очекуваше, а тоа го покажуваат и податоците. Имаме намалување кај трговската размена и во увозот и увозот, но треба да имаме во предвид дека во вториот квартал имавме целосно затварање на земјата, а нашата економија зависи од земјите од ЕУ, кажа Бектеши.

Бектеши потенцираше дека овој ребаланс е еден од најажните, бидејќи ќе биде гласан во Собранието од пратениците.

Овој ребаланс е кроен да им излезе во пресрет на граѓаните, на стопанството за нивната ликвидност, а истовремено навремено да бидат покриени сите трансфери, сите обврски кои што ги има државата како што се плати, пензии, социјални трансфери ќе бидат исплатени навреме, дури и предвремено, потенцираше министерот.

Поврзани вести

Се зголемува опфатот за субвнционирање плати од 1.624 на 1.974 лица

Берта Китинска

Колективно животно и здравствено осигурување како мотиватор и наградување на вработените

Влатко Зорба

Ќе се исплаќа К-15: Колку пари треба да ви легнат на сметка до крајот на годинава?

Берта Китинска