СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

За 60 отсто намален бројот на затворени угостителски објекти

Во периодот од 28 декември 2020 година до 3 јануари 2021 година, од страна на седумте инспекциските служби се спроведени вкупно 5.718 надзори и контроли, по основ на почитување на здравствените протоколи и материјалните закони.

Податоците од надзорите на Државниот санитарен и здравствен инспекторат, покажуваат дека во овој период споредено со претходните надзори (од 20 до 27 декември) за 20 отсто е намален бројот на издадени решенија за изолација на лица заболени од коронавирус и на лица кои биле во контакт со заболени лица.

Исто така, во делот на контролите што ги спроведува Државниот пазарен инспекторат, регистрирано е намалување на бројот на затворени објекти. Споредбено со периодот од 21 до 27 декември (кога беа затворени 13 угостителски објекти), бројот на затворени угостителски објекти е намален за повеќе од 60 отсто.

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, извршија 4.652 контроли и 278 надзори поврзани со почитување на здравствените протоколи за отворање и работа на кафетерии и угостителски објекти кои послужуваат храна , Закон за заштита на потрошувачи; Закон за трговија; Закон за нерегистрирана дејност; Закон за угостителска дејност; Закон за градежни материјали; Закон за занаетчиска дејност; Закон за енергетика; Закон за метрологија; Закон за безбедност на производите; Закон за заштита од пушењето.

При спроведените надзори, изречени се 35 прекршочни пријави и 24 решенија за констатираните неправилности, како и 16 прекршочни платни налози. Од вкупниот број на решенија, 5 решенија се донесени поради непочитување на Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за работа на угостителските објекти и тоа за по 2 угостителски објекти во Битола и Тетово и за 1 угостителски објект во Струмица, во кои не се почитувало работното време и ограничувањето за 4 лица на една маса. Во сите случаи изречена е мерка забрана за вршење на дејност, односно истите се затворени за работа на лице место, а дополнително и изречени им се соодветни прекршочни платни налози. Споредбено со периодот од 21 до 27 декември (кога беа затворени 13 угостителски објекти), бројот на затворени угостителски објекти е намален за повеќе од 60 отсто. За време на новогодишната ноќ, Државниот пазарен инспекторат во соработка со МВР, спроведоа голем број на заеднички контроли во угостителските објекти, но како што и веќе напоменав беа констатирани мал број на прекршувања, односно беа затворени 2 угостителски објекти (Струмица и Битола).

Во истиот период, Инспекторат за транспорт изврши 29 надзори, при што за непочитување на материјалните закони изречени се: 1 прекршочна пријава и 1 прекршочен платен налог. Во однос на Законот за заштита на населението од заразни болести, минатата недела не се констатирани прекршувања , односно непочитување на протоколите за превоз на патници.

Државниот инспекторат за труд, во изминатите 7 дена изврши 440 надзори во правни субјекти на територијата на целата држава со фокус на почитување на здравствениот протокол за превентивни мерки за сите работни места. При тоа инспекторатот изрече 17 решенија и 1 прекршочен платен налог. Во овој период од страна на трудовите инспектори не се констатирани неправилности согласно Законот за заштита на населението од заразни болести и Протоколот за превентивни мерки за сите работни места.

Агенцијата за лекови и медицински помагала, МАЛМЕД во истиот период спроведе 11 надзори во аптеки и веледрогерии по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона, при што не се констатирани неправилности.

Поврзани вести

Цените на „црното злато“ на највисоки нивоа во последните две години

Stefanija Kuzmanovska

„Златната виза“ стана тренд кај милионерите: Црна Гора им нуди посебни услови

Берта Китинска

ЦГК: Повеќе од 8 милиони евра чинат тендерите за зимско одржување на патиштата за оваа сезона

Влатко Зорба