СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

НУК: Владата да излезе со бројки колку од едната милијарда евра завршија кај угостителската индустрија

„Во вчерашната изјава Вицепремиерот Битиќи изјави дека е отворен да комуницира дури и со неистомисленици без разлика дали тие претставуваат само мала група на луѓе или претставуваат поголема група на стопански субјекти. Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Битиќи согласно функцијата која ја врши во Владата треба да знае дека НЕЗАВИСНАТА УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА е НЕПОЛИТИЧКА ОРГАНИЗАЦИЈА и комора од ист ранг, како Стопанската Комора на Македонија и сите останати комори формирана од реномирани и признати угостители од цела Македонија согласно Законот за стопански комори“, велат утрово од Независната угостителска Комора.

„Со Законот за стопански комори обврска на секоја основана комора согласно член 2 е унапредување на стручните и деловни обичаи и норми, како и за застапување и заштита на интересите, стопанските субјекти на територијата на Република Македонија. Согласно член 3 од истиот закон Комората е независна и самостојна организација со својство на правно лице.

Напоменуваме дека во моментов Независната угостителска комора е единствената специјализирана, неполитичка, непрофитна, еснафска и самостојна организација – комора формирана од реномирани угостителски објекти со една единствена цел заштита на угостителската индустрија и унапредување на работењето на угостителите.

Независната угостителска комора е обврзана како дел на активностите на работење и делување утврдени согласно член 27 од Законот за стопански комори да врши:

* застапување на интересите на членовите пред државните органи, посебно во подготвување на законодавството од областа на стопанството, мерките и механизмите на стопанскиот систем и економската политика и утврдување на макроекономската и развојната политика и информирање за подготовките и промените на законските и други процеси од областа на стопанството,

* давање мислења на органи на државната управа, институции, организации и други правни субјекти,

* застапување на интересите на членките на комората преку учество на претставници на комората во комисии, совети или други работни тела формирани со закон или од Владата на Република Македонија, односно од органите на државната управа од определена област,

* застапување на интересите на своите членки за прашањата од економско-социјален карактер

Доколку Владата односно ресорното и одговорно Министерство за економија има потреба од поддршка и помош од комората во идната работа за унапредување на угостителската индустрија на Независната угостителска комора согласно член 28 од Законот за стопански комори може во било кој момент да пренесе и јавни овластувања утврдени со закон и на начин утврден со статутот.

И наместо како одговор да добиваме „ЌЕ“ видиме и „ЌЕ“ разговараме го замолуваме Вицепремиерот Битиќи итно и побрзо да го прецизира терминот за работна средба доколку навистина Владата и ресорните Министерства имаат сериозни намери со 5-тиот сет мерки да донесат одлуки и мерки за РАЗУМНА ПОМОШ И ПОДДРШКА ВО РАМКИТЕ НА ВОЗМОЖНОТО директно наменети за угостителската индустрија.

Воедно замолуваме и следната изјава кој год да ја прави во име на Владата за доделената помош и поддршка по основ на сите економски сет мерки донесени во изминатата година да излезе со конкретни бројки и износи колку од едната милијарда евра завршија кај нас угостителите и угостителската индустрија, а каде и кај кого заврши останатата економска помош и поддршка.

И да не заборавиме работната средба доколку воопшто се одржи, нема да се одржи само со претставници на НЕЗАВИСНАТА УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА, туку и со претставниците на здруженијата КЛУБ ЕСНАФ од Битола, ПРИЛЕПСКИ МЕАНЏИИ од Прилеп, ТИКВЕШКИ УГОСТИТЕЛИ од Кавадарци, БИСЕР од Куманово, ЗУТ КРУШЕВО од Крушево, АНТИГОНЕА од Неготино и ОХРИДСКИ ЕСНАФ од Охрид вклучувајќи и претставници на останатите туристичко угостителски комори“, посочуваат од НУК.

Поврзани вести

Сојузот на стопански комори на Македонија е против предлогот за зголемување на акцизата на горивата

Индексот на цените на угостителските услуги остана ист во февруари

Влатко Зорба

Бектеши: Петтиот пакет мерки ќе има развојна компонента и нема да биде како претходните

Влатко Зорба