СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

TrendForce: Huawei ќе испадне од топ 6 на производители на смартфони

По слабата година, глобалниот пазар на паметни телефони полека ќе започне да се опоравува во 2021 година, предвидува TrendForce. Но, Huawei нема да има корист од ова, туку ќе испадне од списокот на шестте најголеми производители на паметни телефони по произведен волумен, пишува TechCrunch.

Во 2020 година, глобалното производство на паметни телефони се намали за 11% на годишно ниво, на 1,25 милијарди единици. TrendForce очекува тоа да се зголеми за 9% оваа година на 1,36 милиони единици, бидејќи луѓето ги заменуваат старите уреди со нови, а побарувачката на растечките пазари расте.

Но, дури и ова мало закрепнување покажува како пандемијата продолжува да влијае на економијата и на глобалниот недостиг на чипови, што во моментов предизвикува забавување на производството во скоро целата електронска индустрија.

Во 2020 година, шесте најголеми брендови на смартфони според обемот на производство беа Samsung, Apple, Huawei, Xiaomi, OPPO и Vivo. Но, оваа година, TrendForce очекува Huawei да испадне од рангирањето и првите шест да бидат Samsung, Apple, Xiaomi, OPPO, Vivo и Transsion.

Овие шест компании се проценува дека покриваат 80% од глобалниот пазар на паметни телефони во 2021 година, а Huawei ќе биде на седмото место.
Главната причина за падот кај Huawei е неговото одделување од бренд за смартфони Honor. Во ноември, Huawei објави дека ја продава Honor на конзорциум од компании за да го спречи синџирот на снабдување на единицата од ефектите на трговските ограничувања наметнати од САД.

Оделувањето на бизнисот го исфрли Honor од опсегот на санкции, кои силно ја погодија деловната активност на Huawei. Но, останува да се види дали „новиот“ Honor може да го привлече вниманието на потрошувачите без поддршка од Huawei. Покрај тоа, Huawei и новиот Honor ќе се натпреваруваат директно во иднина, особено ако има исклучок од санкциите на САД во подоцнежната фаза“, се вели во извештајот на TrendForce.

Во претходниот извештај објавен веднаш по објавувањето на продажбата на Honor, TrendForce предвидува дека зделката, како и недостатокот на чипови на глобално ниво, значи дека Huawei ќе задржи само 4% од пазарот во 2021 година, во споредба со 17% во 2019 година и прогнозираните 14% во 2020 година.

Apple се очекува да земе дел од уделот на пазарот на Huawei на пазарот за паметни телефони од висока класа, додека Xiaomi, OPPO и Vivo исто така ќе ја искористат ситуацијата. TrendForce проценува дека новиот Honor ќе заземе 2% удел на пазарот годинава

Поврзани вести

Доларот продолжува да слабее поради зголемениот апетит за ризик

Влатко Зорба

Рено дефинитивно се збогува со дизел моторите и брзото возење

Влатко Зорба

Goldman Sachs: Нафтата ќе се искачи на 70-75 долари

Влатко Зорба