СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Уделот на доларот во глобалните девизни резерви на најниско ниво во последните 25 години

Уделот на американскиот долар во глобалните девизни резерви падна на најниско ниво во последните 25 години во последниот квартал на 2020 година, според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Аналитичарите велат дека падот делумно се должи на прилагодувањето на вредноста.

Уделот на доларот во светските девизни резерви падна на 59 проценти во четвртиот квартал од 60,5 проценти во третиот квартал од 2020 година, продолжувајќи го трендот на опаѓање трет квартал по ред, пренесе „РТ“.

Пред 25 години, во 1995 година, учеството на американската валута во вкупните светски резерви беше 58 проценти.

Сепак, според податоците на ММФ, доларот има најголемо учество во девизните резерви на централните банки ширум планетата.

Аналитичарите наведуваат дека светските девизни резерви во американски долар достигнале највисоко ниво од 7,0 трилиони долари во четвртиот квартал. Тие беа 6,93 трилиони долари во третиот квартал. Глобалните резерви во евра се зголемија за седум проценти на квартална основа, на 2,52 трилиони долари.

Учеството на еврото во глобалните резерви во последните три месеци од минатата година беше 21,2 проценти наспроти 20,5 проценти во третиот квартал, што е највисоко ниво од 2014 година. Најголемо учество на еврото во светските девизни резерви, од 28 проценти, е забележан во 2009 година.

Уделот на кинескиот јуан во глобалните резерви продолжи да расте во периодот октомври-декември четврти последователен квартал, достигнувајќи 2,25 проценти.

ММФ го следи учеството на кинеската валута во глобалните девизни резерви од 2017 година.

Поврзани вести

Пазарната капитализација на Tesla се намали за скоро 90 милијарди долари за само една недела

Влатко Зорба

Фејсбук забрани негирање на холокаустот

msp-admin

Новиот Model S на Tesla е со домет од 830 километри

Влатко Зорба