СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

„Адидас“ со загуба од 333 милиони евра поради ковид-кризата

Германскиот производител на спортска опрема, „Адидас“, како и многу други компании – забележа голема загуба во второто тримесечје од оваа година, поради кризата предизвикана од пандемијата „Ковид-19“.

Имено, компанијата беше принудена да ги затвори скоро сите свои продавници низ целиот свет, а продажбата падна за 35 проценти, што резултираше со оперативна загуба на работење од 333 милиони евра. Единствената работа на која може да сметаат е онлајн-шопинг, кој за време на карантинот скоро се удвои, но сепак не е доволно.

Иако скокна за дури 93%, а сега претставува третина од вкупниот бизнис на Адидас, германскиот гигант не успеа да ги издржи финансиските превирања. Подружницата „Рибок“ на „Адидас“ доживеа фијаско. Нивните приходи се пониски за 42 проценти, а причина за тоа е што овој бренд е повеќе пласиран во САД, кои поминаа многу лошо во оваа криза.

Продажбата на спортска опрема „Адидас“ во Кина се зголеми со двоцифрена вредност во мај и јуни. Околу 70% од продавниците на „Адидас“ мораа да се затворат, на глобално ниво, но се очекува дека во третиот квартал (јули-септември) ќе може да ја врати профитабилноста, само ситуацијатада се одржи на ова ниво.

Поврзани вести

Маск со нова титула – „Technoking of Tesla“

Влатко Зорба

Доларот изгуби скоро 7% минатата година, еврото зајакна за повеќе од 9 отсто

Влатко Зорба

Просечната нето плата во август е 27.535 денари

msp-admin