СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

„Ејџиан ерлајнс“ на неодредено време ги прекинува летовите меѓу Атина и Скопје

Грчката авиокомпанија Ејџиан ерлајнс ги прекина летовите за Македонија, Хрватска и Црна Гора, без навестување дека ќе продолжат идната година, со оглед дека е прекината продажбата на билети за трите земји.

Одлуката на Ејџиан Ерлајнс, како што пишува „Екс-ју авиешн“, се однесува на летовите од Атина за Загреб, Дубровник, Скопје и Подгорица, а авиокомпанијата во моментов нуди алтернатива само за Загреб преку нејзиниот партнер „Ер Србија“ преку Белград. На почетокот на пандемијата на коронавирусот во март Ејџиан објави дека ги прекинува и летовите за Сараево, само една година откако беа почнати.

Поврзани вести

Анѓушев: Во минатите две години се изградија 30-тина фабрики и се вработија 54.000 луѓе

msp-admin

Апликацијата „Messenger“ не функционира

Никола Поповски

Поради стечајот на Еуростандард банка од денеска АД „Пошта“ не може да ги обезбеди финансиските услуги

Берта Китинска