СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Николовска: Четвртиот пакет мерки обезбедува сериозна поддршка за спас на работни места

Од почетокот на коронакризата, Владата предводена од СДСМ преку навремени и ефикасни мерки им помага на граѓаните и компаниите во надминување на негативните последици изјави Фаница Николовска, пратеничка на СДСМ.

Со ребалансот на буџетот, кој веќе е во собраниска процедура, се обезбедуваат сериозни средства за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки за поддршка на економијата и граѓаните погодени од коронакризата.

Со четвриот пакет мерки, кој претставува континуитет на претходните три, 470 милиони евра ќе се искористат за помош и поддршка на економијата, за спас на работни места и јакнење на приватната потрошувачка.

Со 70 милиони евра ќе се поддржи исплатата на 250.000 плати во последните три месеци од годинава и ќе се помогнат 83.000 работни места.

27, 6 милиони евра ќе завршат кај 283.000 граѓани, преку платежни картички од по 6.000 денари за купување на домашни производи и услуги

Со пакетот се обезбедуваат средства и за поддршка на производители, преработувачи и извозници на грозје, наливно вино и вино во шишиња, се обезбедува државна и царинска гаранција за компаниите.

Меѓу мерките од четвртиот пакет е и Викенд без ДДВ која се спроведува овој продолжен викенд а која има за цел да ја зголеми приватната потрошувачка, а истовремено да обезбеди повеќе пари кај граѓаните и нивните семејни буџети.

Се намалуваат или укинуваат парафискални давачки, се зголемува грејс периодот кај бескаматните кредити од линијата КОВИД 1 и дополнително се одложуваа отплатата на кредитите од компаниите.

Во време на сериозна здравствена и економска криза, предизвикана од пандемијата со коронавирусот, државата застанува зад секој поединец, зад секоја компанија.

СДСМ како одговорна партија, продолжува да работи, за брзо надминување на последиците од економската криза рече Николовска.

Поврзани вести

Алексовска, ТУК: Поддршка од 5.000 евра не е доволна за една година

Влатко Зорба

Финансиските друштва ќе ги разгледаат годишните резултати

Дури 55 отсто од невработените лица се без образование или со завршено осмо одделение

Влатко Зорба