СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Затворена фабриката „Пејпер мил“ во Кочани, 120 работници добиле известување да не доаѓаат на работа

Фабриката за хартија „Пејпер мил“ од Кочани е затворена, а 120 работници добиле известување од денеска повеќе да не доаѓаат на работа.

Решение за затворањето донел бугарскиот сопственик на компанијата, а одговорните служби од македонска страна за „МИА“ ја потврдија веродостојноста на информацијата.

– Фабриката е затворена и производствениот процес е целосно запрен, но работниците сè уште не се отпуштени од работа. Што ќе биде понатаму чекаме одговор од бугарската страна. Одлуката е донесена вчера, а причината за затворањето е што нема исплатливост за понатамошно работење ако како енергенс се користи метан. Имаме позитивни резултати од две лаборатории за користењето пелети, но тие не ни се прифаќаат, а други лаборатории пак, велат дека работењето не ни е во ред. Инспекторатот ни наложи да работиме на метан, но тоа не се исплаќа поради големата економска криза, истакна Игор Тасевски, одговорен во „Пејпер мил“.

Веќе бил направен план за уште 60 вработувања со проширување на производствениот процес во соседните погони на фабриката, каде првично требало да се инвестираат 1,5 милион евра, за во крајната фаза да се вложат околу пет милиони евра. Според Тасевски, најверојатно сето тоа нема да се реализира, затоа што фабриката не можела да работи на дневно-политичка основа.

Инаку, фабриката „Пејпер мил“ беше посочувана како еден од главните загадувачи на воздухот во Кочани, поради што се одржаа повеќе граѓански протести. На крајот од минатата година Државниот инспекторат за животна средина ѝ изрече казна од 20 илјади евра и нареди како енергенс за производствениот процес наместо пелети да користи метан.

Поврзани вести

Ангеловска: 6,7 милијарди денари во Буџетот за поддршка на приватниот сектор

Берта Китинска

Шахпаска: По Нова Година ќе донесе законско решение за недела неработен ден

Берта Китинска

Битиќи: Поддршката на микро, малите и средни компании ќе биде значителна

Берта Китинска