СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

СБ: Три фактори клучни за заздравување на економијата

Закрепнувањето на економската активност се очекува во 2021 година, во опсег од 1,1 до 3,3%. Оваа прогноза е сè уште многу неизвесна, со ризик од полош исход.

Брзината на закрепнување зависи од времетраењето на пандемијата на коронавирусот, достапноста и дистрибуцијата на вакцината и степенот на подобрување на глобалната трговија и инвестиции. Растот во регионот може да биде послаб отколку што се очекуваше во случај на влошување на пандемијата.

“Во вакви предизвикувачки времиња, земјите од Европа и Централна Азија мораат да планираат за посткризниот период и да се подготват за силно постпандемиско закрепнување. Ова значи зајакнување на управувањето, подобрување на климата за инвестиции, како и зајакнување на иновациите и дигиталниот развој. Значајни и одржливи инвестиции во квалитетно образование и здравствена заштита ќе бидат од критична важност“, вели Ана Бјерде, потпретседател на Светска банка за Европа и Централна Азија.

Се очекува падот на економската активност поради пандемијата да ја зголеми сиромаштијатa во сите земји од регионот.

Заклучокот на посебната анализа во извештајот е дека клучот за силно закрепнување во регионот лежи во подобрување на пристапот и квалитетно високо образование, како и намалување на факторите на ризик по здравјето кај возрасните, пишува N1.

Поврзани вести

Nokia ќе гради приватна 5G мрежа за KymiRing во Финска

Влатко Зорба

Нови американски санкции за „Северен тек 2“, европските компании го напуштаат проектот

Влатко Зорба

Азески: Ако конечно не завладее правото, бизнисот ќе регистрира компании во Прешево, Сандански, Солун…

Никола Поповски