СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Нова WordPress алатка автоматски твитува цели текстови

WordPress претстави нова опција која автоматски објавува цели текстови на Твитер и споделува сè што е напишано со фановите, заедно со фотографии и видеа.

Се тврди дека функцијата ќе го зголеми бројот на читатели, бидејќи текстовите ќе стигнат до оние кои не го следат сајтот директно, туку само на Твитер. Се додава дека текстовите ќе бидат споделени како низа поврзани твитови, што дополнително придонесува за зголемена видливост, и затоа што таканаречените сериски твитови (Twitter threads) се подостапни од индивидуалните твитови.

Од друга страна, се посочува дека сериите од твитови не се најдобриот начин за презентирање на текстови, особено оние што имаат поголем број карактери. Проблемот е што корисниците нема да мора да кликаат на врските, бидејќи целиот текст им е доставен на Твитер.

Новата опција е веќе достапна и може да се активира преку зелената икона Jetpack лоцирана во горниот десен агол на страницата за уредување, веднаш до иконите за споделување на социјалните мрежи.

Поврзани вести

Најбрзиот компјутер на светот има процесор со 18 GB со сопствена SRAM меморија и 400.000 јадра

msp-admin

Вкупното време поминато во играње на Fortnite подолго од постоењето на човечкиот вид

msp-admin

Апликација за следење на корона вирусот во Македонија

msp-admin