СТАНДАРД life
ТЕХНОЛОГИЈА

Амазон ја забрани употребата на својот софтвер за препознавање лица

Компанијата „Амазон“ ја забрани употребата на својот софтвер за препознавање лица од страна на полицијата за една година.

Овој гигант е последен во низата компании кои забранија употреба на вакви системи и кои се соочуваат со критики за погрешно идентификување на луѓе со потемна боја на кожата.

Активистите за заштита на човековите права и вработените во „Амазон“ извршија притисок врз раководството на компанијата да престане да ја продава технологијата за препознавање лица под името „Рекогнишн“ (Rekognition) на владините агенции, бидејќи може да се употреби за нарушување на приватноста на луѓето и таргетирање на малцинствата.

Компанијата соопшти дека се надева дека Конгресот ќе воведе построги правила во врска со употребата на оваа технологија.

Поврзани вести

17 малициозни апликации за iPhone се одобрени од Apple

msp-admin

Google ја објави првата тест верзија на Android 12

Влатко Зорба

Huawei P40 Pro може да добие специјален сензор од 52MP од Sony

msp-admin