СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Која европска земја е најголем извозник на злато во светот?

Златото како погоден метал за инвестирање во услови на криза, “блесна“ во полн сјај. Минатата година извозот на злато достигна вредност од 295,4 милијарди долари, што е намалување од 3,2% во однос на 2018-та година.

Земјите од Европа се меѓу најголемите извозници на злато во 2019-та година со извоз од 109,4 милијарди долари или 37% од вкупниот извоз на глобално ниво.

Лидер на листата извозници на злато, минатата година, беше Швајцарија со 62 милијарди долари или 21% од вкупниот извоз на злато на планетата.

Меѓу петте најголеми извозници на благородниот метал во жолта боја, лани, беа и: Хонгконг (25,2 милијарди долари), Велика Британија (23,3 милијарди долари), Обединети Арапски Емирати (17,7 милијарди долари) и САД (17,2 милијарди долари).

Од земјите во регионот, Хрватска е 89-та во светски рамки со извоз на злато во вредност од 40,5 милиони долари. Потоа следуваат: Словенија (30,4 милиони долари), Бугарија (29,9 милиони долари), Србија (27,3 милиони долари), Грција (24,6 милиони долари), Албанија (1,1 милион долари) и Босна и Херцеговина (579.000 долари).

Македонија, според податоците на World’s top exports, не се најде на листата извозници на злато во светот.

Поврзани вести

Прогноза: Електричните автомобили за 10 години ќе чинат 5.000 долари

Влатко Зорба

Каде и како државава ги конвертира девизите во домашна валута?

msp-admin

Volvo сака да произведува само електрични автомобили од 2030 година

Влатко Зорба