Стандард
КОМПАНИИ

За колку време може да се реши проблемот со отпадот во општините

Зимските месеци и високото ниво на загаденост на воздухот само го актуелизира проблемот со отпадот што се гори при што се испуштаат штетни супстанции. Воздухот кај нас е постојано загаден, затоа што постојано се гори отпад, комунален, индустриски, градежен на официјалните, општински депонии и уште на стотина диви депонии расфрлани затскриени, надвор од радарот на надлежните служби, а некои и не така скриени.

Но, како до решение и уште поважно, кога? Веќе некое време се зборува за изградба на петте регионални депонии, кои што ќе бидат и центри за управување и преработка на отпад, а истото е соодветно и обврската што ќе ја имаме во претпристапните преговори произлезена од Поглавјето 27.

Наоѓањето одржливи решенија за отпад во земјите во ЕУ е сè повеќе во фокусот. Она кон што треба да целиме некои од земјите веќе го спроведоа. Од пред 4 години Љубљана стана првиот град во Европа со 0 отпад и денеска предводи во тој дел, а Словенија се справи со овој проблем градејќи го Регионалниот центар за третман на отпадот.

Во Словенија во просек се создаваат нешто повеќе од 7 милиони тони отпад секоја година, од кои повеќе од 900.000 тони се комунален отпад – околу 450 кг по жител, според податоците на словенечката агенција за животна средина. Слично како и кај нас. Словенија порано немаше капацитет за трошење на енергија (WTE- waste to energy), а нејзината стратегија за управување со отпад се потпираше на извозот. Затоа државата одлучи да изгради постројка за третман на отпадот, вклучително и објект за производство на енергија.

Регионалниот центар за третман и обновување на отпад RCERO се состои од проширена депонија, постројка за третман на исцедоци и постројки за обновување на отпадот. Механичката обработка на отпадот произведува материјали што можат да се рециклираат и материјали што се користат за производство на цврсто гориво. Непредвидливите материјали се преработуваат во гориво, кое има слична калориска вредност како кафеавиот јаглен.

Стигнувањето до овој статус Словенија го започна пред 20 години и е долгорочно решение за управување со отпад. Дали ова значи дека ако започнеме денес, имаме шанси за чиста животна средина без загаден воздух по 20 години?

Суштинската разлика во решавање на овој проблем меѓу Словенија и Македонија е во нивото на свесност кај граѓаните и незнаењето за штетите од горењето отпад, кај нас. Словенија потроши години на едукација на населението, пред се преку едукација на децата во училиштата за селектирање отпад, рециклирање и придобивките од тоа. Во населените места се поставени посебни контејнери наменети за фрлање на селектиран отпад, односно пластика, био-отпад, хартија и останато.

Процесот на едукација кај нас едвај да е започнат а достапноста до контејнери за селектирање, делумна. Дали можеме да чекаме 20 години, за да се спречи горењето на отпадот и да се овозможи начин на негова преработка и безбедно складирање.

Сепак, општините може да учествуваат во решавањето на проблемот во моментов. Тие може да ја користат технологијата на балирање отпад, во периодот додека се изградат регионалните депонии. Многу европски градови и помали урбани средини применија балирање на отпадот, метод на пакување на отпадот во бали, што е брзо, евтино и еколошки прифатливо решавање. Отпадот прво се компресира и се намалува неговата зафатнина, масата и волуменот, потоа се лепи врз специјална пластична фолија во форма на лента и се намотува во ролни односно бали. Вака спакуван волуменот на отпадот се намалува до 3-4 пати и се спречува секакво влијание врз средината, нема исцедок во почвата па и во подземните води, не се гори и не го загадува воздухот.

“Најсоодветното и брзо применливо решение за Македонија е методот на балирање. Балирањето на отпад се користи во Љубљана, Прага, Грац, Париз, Копенхаген и многу други европски градови, што е добар показател дека можат и на ова решение треба да се посветат и општините во Македонија. За инсталирање на единица за балирање потребни се само 15 дена, а капацитетот е 35 t/h односно 140 000 тони годишно. Само со 1 единица за балирање, може да се обработи отпадот од 300 000 жители”, велат од ПП Индустрис компанија која се занимава со ваква обработка на отпадот. За инсталирање на постројка за балирање, месечните трошоци кои би ги имале граѓаните се помеѓу 20 до 30 денари од жител.

Поврзани вести

Брегу: Повеќе претприемачки и работнички можат да го зголемат БДП на Западен Балкан (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Банкротираше една од најмоќните американски лоби групи

Влатко Зорба

Facebook воведува нова услуга, а може да ја користат и тие што немаат профил

msp-admin
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!