СТАНДАРД life
АНАЛИЗИ

Зошто Биткоин повторно расте?

На почетокот на коронa-кризата, се чинеше како Биткоин да е голем губитник. Од средината на февруари до средината на март, цената падна за повеќе од 50 проценти – на само 4.895 американски долари. По кратка фаза на закрепнување, цената одамна се качи близу границата од 10.000 американски долари – до пред неколку недели.

Во меѓувреме, најважната криптовалута не само што успеа да ја надомести драстичната загуба од пролетта – од почетокот на септември, нејзината цена се зголеми за повеќе од 53 проценти. Само во октомври, Биткоин доби околу 30 проценти од својата вредност, точно во времето за дванаесеттиот роденден.

Кибер-валутата се искачи на скоро 16.000 американски долари минатиот петок, а во средата (11 ноември) на размената на крипто-валути, Bitstamp повремено се движеше околу 15.650 долари.

Така, Биткоин ја достигна највисоката цена од јануари 2018 година. Да потсетиме, во декември 2017 година, Биткоин достигна рекордни 20 000 долари. После тоа, курсот драстично се сруши и тоа беше крајот на летот.

Сега ситуацијата околу вредноста на Биткоин изгледа повторно поинаква. И има неколку можни причини за тоа.

Улогата на изборите во САД?

Аналитичарот Тимо Емден пред една недела рече дека поради неодамна неизвесниот резултат на изборите во САД и во потрага по алтернативни можности за инвестирање – некои инвеститори прибегнаа кон криптовалути. Тој смета дека инвеститорите сакале да се заштитат од турбуленциите на берзата.

Сепак, Серен Хетлер, експерт на ДЗ-банката, во неодамнешната анализа напиша дека двигателот на развојот на Биткоин всушност е надеж за ненадејно зголемување на побарувачката, а не толку изборите во САД.

Неколку инвестициски фондови за Биткоин, како што е „Grayscale“, забележаа значителен прилив во последните месеци, а на крајот на октомври, во некои случаи, тие исто така забележаа рекордни вредности. И „Fidelity“, еден од глобалните играчи, формираше фонд за Биткоин во текот на летото.

PayPal даде голем поттик за Биткоин

Покрај тоа, крипто-валутите имаат корист од неодамна познатите планови на гигантот за платни услуги PayPal да ја прифати дигиталната валута како платежно средство. Инвеститорите претпоставуваат дека овој чекор кон комерцијална употреба ќе му даде нов поттик на Биткоин.

Лесно се ракува – преку веќе добро прифатениот систем PayPal, може да ги натера луѓето масовно да ја прифаќаат крипто валутата.

Корисниците на PayPal во САД во иднина ќе можат да купуваат, продаваат и чуваат Биткоин преку платформата, објави американската компанија во октомври. И од почетокот на 2021 година, плаќањата во крипто-валути ќе бидат исто така можна во малопродажба преку PayPal.

Каматна политика, корона, млади и најава за регулација

Серен Хетлер ја гледа политиката на нула каматни стапки на централните банки и програмите за огромно трошење за време на пандемијата на корона, донесена од владите, како важни двигатели на ова зајакнување на крипто-валутата. Според аналитичарот на ДЗ-банк, тоа доведе до бран на ликвидност врз кој лебдат и крипто-валутите.

Ова може да вклучува и фактот дека оваа година има се повеќе млади луѓе кои влегле на пазарот и често тргуваат со Биткоин.

Регулативата е клучот за долгорочната побарувачка на крипто-валути. И неодамна има напредок. Кон крајот на септември, Европската комисија предложи заеднички правила кои можат да стапат на сила на крајот на 2022 година и со тоа да се создаде сигурност за инвеститорите.

Покрај тоа, темата за криптовалутите во моментов се повеќе се дискутира на ниво на централни банки и затоа е уште попозната. Европската централна банка (ЕЦБ), на пример, е скептична кон Биткоин, но размислува да воведе „дигитално евро“.

На крајот, Хетлер, експерт во ДЗ-банк, вели: „Аргументите за растот на вредноста на Биткоин се многу разбирливи. Но, сето ова не гарантира дека оваа динамика ќе продолжи. Биткоинот допрва треба да ја развива својата традиција и трајно да ја освои довербата на луѓето во неговата специфичност и вредност “.

Поврзани вести

Која земја ја има најдобрата позиција во претстојниот нов светски поредок?

Влатко Зорба

Еврообврзниците не се одговор на актуелната криза

msp-admin

Силен долар веќе не одговара на американските интереси

Влатко Зорба