СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Корона-кризата ги збогати фармацевтите

Фармацевтската компанија „АстраЗенека“ објави дека продажбата на вакцини во првиот квартал и донесе приход од 275 милиони долари, што е повеќе од очекуваното. Ова е првиот производител на лекови што објави финансиски детали за дистрибуција и продажба на вакцини. Компанијата објави дека нема да оствари профит од вакцините за време на пандемијата.

Вкупните приходи на компанијата, кои вклучуваат плаќања кои произлегуваат од соработка со други компании, се зголемија за 11 проценти во првите три месеци од годинава и достигнаа 7,32 милијарди долари.

Германскиот производител „Синлаб“ исто така произведе 11,6 милиони ПЦР-тестови минатата година и им донесе промет од 620 милиони евра од вкупно 2,6 милијарди евра за целиот концерн. Короната им донесе 38 проценти зголемување на прометот. Оваа година сметаат на нов раст од 17 проценти, пишува „Дојче веле“.

Ова се само некои од примерите за голема заработка на фармацевтските компании. Покрај зголемената продажба, многу од нив отворија и нови пазари, што во иднина отвора простор за пласман на целата нивна стока.

Ковид 2020 година, која ќе остане запаметена по општото опаѓање на трговијата, производителите и дистрибутерите на медицински и фармацевтски производи во Европа ќе ја запаметат по зголемената продажба. Увозот и извозот на оваа стока продолжи да расте и оваа година.

Според податоците на Еуростат, Словенија има најголем пораст на увозот на медицински помагала, од 31 процент, но и втор најголем пораст на извозот – 42 проценти. На прво место според увозот на медицински помагала минатата година била Грција, каде што извозот од овие добра се зголемиле во споредба со 2019 година, дури 48 проценти.

Главната дестинација за извоз на медицински и фармацевтски производи надвор од Европската унија беа Соединетите Држави (34 проценти од извозот на овие стоки од ЕУ отишле на тој пазар), проследени со Швајцарија (12 проценти), Велика Британија (8 проценти) и Кина (6 проценти).

Минатата година, Европејците купуваа најмногу медицински и фармацевтски производи од Швајцарија (35 проценти од вкупниот увоз на ЕУ), САД (28 проценти) и Велика Британија (12 проценти).

Помеѓу 2019 и 2020 година, трговијата со лекови од Швајцарија, Велика Британија и други земји се зголеми, со исклучок на увозот од САД.

Поврзани вести

Amazon може да банкротира до 2030 година

msp-admin

Олеснети услови за пристап до кредитите од Развојната банка за малите и средни претпријатија

msp-admin

НБ може да ја продолжи одложената отплата на кредитите, ако има втор бран на кризата

msp-admin