Стандард
КОМПАНИИ

Доларот зајакна по три недели пад

На светските пазари, вредноста на доларот во однос на кошницата со валути порасна минатата недела, откако падна за три недели, бидејќи економијата на САД се опоравува побрзо од другите големи глобални економии.

Индексот на доларот, што го покажува движењето на САД кон другите шест најважни светски валути, минатата недела порасна за 0,5 проценти, на 91,26 поени.

Во исто време, курсот на доларот во однос на јапонската валута скокна за 1,3 проценти на 109,30 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската валута, за 0,6 проценти, па цената на еврото се „лизна“ на 1,2025 американски долари.

Зајакнувањето на доларот се должи на индикациите за побрзо закрепнување на американската економија од пандемијата во споредба со повеќето други развиени економии во светот.

Бруто домашниот производ (БДП) на САД се зголеми во првиот квартал со годишна стапка од 6,4 проценти, повеќе од очекуваното и побрзо отколку во претходниот квартал, што укажува на забрзано закрепнување на економијата, следејќи го огромниот фискален и паричен стимул.

Минатата недела беше објавено и дека БДП на Европската унија падна за 0,4 проценти во првиот квартал во споредба со претходните три месеци, кога падна за 0,5 проценти. Во споредба со истиот период минатата година, БДП на ЕУ падна за 1,7 проценти во првиот квартал, што е најмал пад од почетокот на пандемијата на почетокот на 2020 година.

И покрај забрзувањето на заздравувањето на американската економија, претседателот на Федералните резерви на САД, Џером Пауел, во средата, по дводневниот состанок на лидерите на ФЕД, ги негираше шпекулациите дека ФЕД наскоро може да ја намали својата програма за откуп на средства, истакнувајќи дека вработеноста е сè уште е далеку од целта.

Трговците внимателно го следеа и говорот на американскиот претседател Џо Бајден за состојбата на нацијата. Бајден предложи дополнителни трошоци од 1,8 трилиони долари, што може да ја зајакне економијата, но исто така да го зголеми буџетот на САД и трговскиот дефицит и со тоа да го ослаби доларот.

И покрај порастот минатата недела, индексот на доларот падна за околу 2 проценти во април, откако порасна за 3,6 проценти во првиот квартал.

Еврото зајакна 2,5 проценти во однос на доларот во април, а јапонскиот јен 1,3 проценти.

Аналитичарите на шпанската банка ББВА проценуваат дека трендот на слабеење на доларот „нема да трае во мај, бидејќи априлската корекција на доларот, според нивно мислење, можеби била премногу силна и избрзана, иако сè уште се склони за намалување на доларот на долг рок“.

Ова е особено точно за доларот во однос на еврото, бидејќи еврозоната сè уште не започна да го намалува јазот со САД во вакцинирањето граѓани и со тоа да управува со пандемијата и економското закрепнување.

Поврзани вести

Кина ги намалува царините за повеќе од 850 увезени производи

msp-admin

Најбогатиот човек во Европа заработил над 11 милијарди долари за ден

msp-admin

Најстарата компанија во светот работи 1.500 години, а во Македонија…

msp-admin
error: Превземањето на содржина без дозвола од авторот е дело казниво со закон!!!