СТАНДАРД life
КОМПАНИИ

Сопственикот на „Хај Тек“: На помладите генерации им покажувам дека иднината можат да ја градат и во Македонија

Сопственикот на Хај Тек Корпорејшн Саво Станковиќ посочи дека е особено задоволен од посетата на вицепремиерот Фатмир Битиќи денеска, а подвлече дека и покрај економската криза во која се наоѓа целиот свет, спроведеувајќи ја корпоративната политика за инвестирање и за развој на технологии, компанијата докажала дека може да се натпреварува на светско ниво и да продолжи со сопствениот раст и развој.

„Оваа година (2020) е поуспешна од сите претходни наши години. Можам да кажам дека очекуваме да биде подобра од минатата година за околу 10-11% во однос на прометот. Исто така имаме раст во вработувањето за 9%, оваа година, со додатни нови кадри очекуваме уште подобри резултати во идните години. Ова што Владата го прави, да ги поддржува компаниите, коишто еве како нас инвестираат и во овие тешки времиња, особено компаниите коишто излегуваат на странските пазари во силна конкуренција, ќе значи не само потсрек за нашата компанија, туку треба да биде потстрек за сите компании во Северна Македонија, дека иднината ќе ја бараме на светските пазари коишто се огромни и коишто му даваат секому можност да успее и секако да го подобриме трговскиот биланс што го имаме како држава. Јас во својата историја од 40 години, постојано сум присутен само на странските пазари и успевам да им покажам на помладите генерации дека иднината можете да ја градите и во Македонија, независно што сме далеку од Централна Европа, само ако знаете да се посветите на тоа, ако сте едуцирани и ако се разбира работите на долги патеки. Нема никаде нешто направено само за 1 или 2 години“, подвлече Станковиќ.

Поврзани вести

„Фејсбук“ казнет во Унгарија со четири милиони долари

msp-admin

Колкава камата се плаќа на кредит од 300.000 денари?

msp-admin

Фолксваген повлекува од пазарот повеќе од 38.000 нови автомобили

msp-admin