СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

Речиси 500 милиони денари ќе легнат на сметките на граѓаните по основ на поврат на ДДВ

Речиси 500 милиони денари овој месец ќе легнат на сметките на граѓаните по основ на поврат на ДДВ, врз основа на скенирање сметки преку МојДДВ во текот на третото тримесечје и за време на мерката Викенд без ДДВ што се реализираше на 10, 11 и 12 октомври, како дел од четвртиот пакет антикризни мерки.

За третото тримесечје повратот е 430 милиони денари, додека од Викендот без ДДВ нешто над 63 милиони денари.

Од УЈП додаваат дека во текот на ова трето тримесечје во месеци јули, август и септември 2020 остварен е промет од 29,8 милијарди денари, од кои прометот од македонски производи изнесува 7,8 милијарди денари, а прометот од останати производи изнесува 21,9 милијарди денари.

Поврзани вести

Заев со мисијата на ММФ: Позитивни движења во економијата, 2021 е година на стабилен економски раст

„НЛБ Банка“: Остварен профит од 418,5 милиони денари, раст од 1,9 отсто во однос на периодот лани

Пазарниот инспекторат затвори 17 објекти – не ги почитувале мерките за заштита од коронавирусот