Глобалниот долг ќе достигне 277.000 милијарди долари до крајот на оваа година, како резултат на понатамошното трошење на владите и компаниите како одговор на пандемијата на корнавирусот, проценува Институтот за меѓународни финансии (ММФ) во извештајот објавен во средата.
Според Институтот, чии членови се повеќе од 400 банки и финансиски институции ширум светот, глобалниот долг се зголеми за 15.000 милијарди долари до септември на сегашните 272.000 милијарди долари.
Скоро две третини од тоа зголемување се однесува главно на развиените пазарни земји, пренесе Ројтерс.
Вкупниот долг на развиените земји скокна на 432 проценти од бруто домашниот производ (БДП) во третиот квартал, од нивото од околу 380 проценти на крајот на 2019 година.
Учеството на долгот во БДП на земјите во развој достигна скоро 250 проценти во третиот квартал, и 335 проценти во Кина.
ММФ предвидува дека до крајот на годината, односот на долг на овие земји кон глобалниот БДП ќе достигне 365 проценти.
Долг на еврозоната 53 000 милијарди долари
„Постои значителна неизвесност за тоа како глобалната економија може да се раздолжи во иднина без поголеми негативни последици врз економската активност“, се вели во извештајот.
Се додава дека вкупниот американски долг е на пат да достигне 80.000 милијарди долари оваа година, во споредба со 71.000 милијарди долари во 2019 година.
Во еврозоната, долгот се зголеми за 1,500 милијарди долари до септември на 53.000 милијарди долари.
Меѓу економиите во развој, Либан, Кина, Малезија и Турција забележаа најголем пораст на долгот во нефинансискиот сектор досега оваа година.
До крајот на следната година, земјите во развој треба да соберат околу 7.000 милијарди долари долг врз основа на обврзници и заеми, од кои околу 15 проценти се деноминирани во долари, според ММФ.
Според прогнозата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), глобалната економија годинава ќе забележи пад од 4,4 проценти, проследено со раст од 5,2 проценти во 2021 година.